Двајца возрасни охриѓани приведени за трговија со дроги

На 18.05.2021 година, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи, Сектор за недозволена трговија на дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, од слобода ги лишија 47-годишниот А.А. и 51-годишниот Т.А., и двајцата од Охрид.

При претрес извршен по судска наредба, во домот на А.А. биле пронајдeни и одземени една кеса со семки од растението канабис сатива и две кеси со кафеава прашкаста материја.

Дополнително, во домот на Т.А. биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол марка „екол“ и пет гасни куршуми. Предметите се предадени на вештачење, а по документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.