Два гола на Нејмар во „шестката“ на ПСЖ против Тулуз

Пари Сен Жермен го совлада Тулуз со 6:2 во мечот од третото коло на францускиот фудбалски шампионат, а удел со два погодока имаше играчот за кој е платен историскиот трансфер од 222 милиони евра, Бразилецот Нејмар.

Гостите од Тулуз поведоа со голот на Макс-Ален Градел во 18 минута, а вториот за гостите го постигна Кристофер Жулиен во 78 минута. За ПСЖ двоен стрелец беше Нејмар, во 31 и во 90 минута, а по еднаш прецизни беа Адриуенб Рабју во 35, Единсон Кавани во 74 од пенал, Хавиер Пасторе во 82-та и Левен Курзава во 84 минута.

Во 70 минута поради вториот жолт картон од игра беше исклучен одбранбениот играч на гостите Марко Верати .

Во другите неделни мечеви од француското првенство Кан го совлада Лил со 2:0, а Марсеј ги подели подовите со Анже (1:1).

ПСЖ освои максимални девет бодови во трите кола и се искачи на првенствената табела. Следниот меч ќе го има на 25 август, против Сен Етјен.