Околу два милиона лица оц Украина се обратиле со барање за евакуација во Русија, тврдеше во средата на брифингот во министерството за надворешни работи во Москва, портпаролката Марија Захарова.
„Околу два милиона луѓе поднесоа брања за евакуација во Русија. Околу 140.000 веќе преминаа на руска територија“, изјави Захарова.
Претходно портпаролката на руската дипломатија изјави дека Москва ги повикува властите во Киев да стора сѐ што е можно да се осигури безбедно минување на цивилите на безбедни локации и оти се надева на напредок во текот на следната рунда преговори за прекин на војната во Украина.
„Се враќаме на преговорите, но са жал, во практиката честопати не се почитува договоротеното. Ја повикуваме украинската страна да направи сѐ што е можно да обезбеди безбено минување на цивилите и се надеваме дека ќе има позначаен напредок во следната рунда преговори“, рече Захарова.
Како што беше објавено претходно руските сили во Украина го прекинаа огнот во 8 часот по среднноевропско време, и се подготвени да обезбедат хуманитарни коридори за луѓе да можат да го напуштат Киев и уште четири градови, соопшти Меѓуресорскиот координативен штаб на Русија за хуманитарен одговор во Украина.
Русија е подготвена да обезбеди хуманитарни коридори од Киев и соседните населени места до Русија преку територијата на Белорусија до градот Гомел, а потоа цивилите ќе бидат префрлени во Русија. Што се однесува до хуманитарните коридори во јужниот правец, тие би биле обезбедени во договор со украинската страна.