Вонредна состојна е прогласена во два региона на мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија поради приближувањето кон копното на тропската бура Роза, објави Националната служба за циволна заштита.
Состојбата е воведена во општините Енсенада и мексикали. Според тоа, двата региона сега имаат право на пристап до средствата од специјалниот фонд за вонредни ситуации на национално ниво.
Претходно на својата траекторија кон Мексико, Роза се засилуваше над Тихиот Ојеан до ураган од четврта категорија, но потоа ослабе до ниво на тропска бура.
Имињата на тропските бури се даваат кога брзината на ветрот кој ја придружува достигнува 62 километри на час. За да се прогласи во ураган од прва категорија според скалата Сафир-Симпсон, која ја проценува потенцијалната штета од стихијата, брзината на неговиот ветар треба да надминува 120 километри на час. Доколку, пак, брзината на ветрот надминува 150 километри на час, тогаш категоријата на ураганот се зголемува во втора, а при ветрови од 180 километри на час до трета и со 210 км/час во четврта категорија. Петтата, најопасната категорија, се прогласува за урагани со брзина на ветерот поголема од 250 километри на час.