Земјотрес со интензитет од 6,9 степени бил регистриран во близина на северното крајбрежје на Калифорнија. Потрес, пак, со интензитет од 5,8 степени го зафати источното крајбрежје јужно од Мексико.
Потресот бил регистриран околу 5,18 часот по локално време на длабочина од шест километри во Пацифичкото дно на 80 километри западно од местото Еурека.
Сеизмологот на Американската геолошка опсерваторија, Сузан Хувер, рекла дека повеќе од 300 лица на нивната страница пријавиле потрес.
Пацифичкиот цунами центар за предупредување издало соопштение за земјотрес, но не и за опасност од цунами.
Нешто пред потресот со интензитет од 6,9 степени, на јужното крајбрежје на Пацификот, кај Мексико, се случил земјотрес со интензитет од 5,8 степени. Ниту од тој земјотрес нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.