Два танкера се судрија во теснецот Дарданели

нафта

Едниот танкерот, „Бешикташ Босфорус”, кој плови под турско знаме, тргнал од пристаништето Новоросиск кон Трст со 140.000 тони нафта.

Вториот танкер, кој учествувал во инцидентот, „Криси”, пловел под знамето на Бахамските Острови и содржел 4.700 тони нафта, кои од Кавказ ги превезувал кон малтешкиот главен град Ла Валета.

Нема податоци за жртви при судирот, а истрагата за причините за инцидентот е во тек, соопштија локалните власти.