Два земјотреса ја стресоа Србија

Два земјотреси го погодија Крагуевац, едниот се случи доцна синоќа околу 00.25 часот, а другиот рано утринава во 5.18 часот.

Според Сеизмолошкиот институт, првиот земјотрес бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, додека вториот бил малку послаб, со јачина од 2,0 степени според Рихтеровата скала.

Српските медиуми пишуваат дека земјотресите предизвикале мали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје на Крагуевац.