Земјотрес со јачина од 2,5 степена по Рихтер, вчера околу 21:40 часот бил почувствуван во Струмица, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Инаку, ова е втор земјотрес регистриран на подрачјето на Струмица за еден ден, бидејќи и вчера наутро градот го стресе земјотрес со јачина од 2,6 степена.