Дваесет дена пред 113-от роденден почина најстариот маж на планетата

Најстариот човек на светот, Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од шпански Леон, починал во вторникот на возраст од 112 години и 341 ден, објави Гинисовата книга на рекордите.

Гарсија во септември 2021 година на возраст од 112 години и 211 денови го собори Гинисовиот светски рекорд како потврдено најстариот жив маж во моментот на планетата, а во февруари годинава требаше да го прослави својот 113-ти роденден.

Според Гинис, Гарсија е роден во местото Пуенте Кастро во шпанската покраина Леон, на 11-ти февраури 1909 година. Поради нискиот раст, од само 150 сантиметри, не било повикан во единиците во 1936 година во текот на Шпанската граѓанска војна, па во тој период започнал успешен занает за производство чевли.

Страст на Гарсија бил фудбалот. Бил навивач на Културал Леонес, локалниот тим од Леон, и соосновач на фидбалскиот клуб во Пуенте Кастро.

Во Гинисовата книга на рекордите е наведено дека живее мирно со својата сопруга Антонина Барио Гутерез со којашто се оженил во 1933 година.

Де ла Фуенте Гарсија своевремено за Гинисоваа книга на рекордите ја открил тајната на својот дол живот: „Не повредувај никого“.

Зад себе оставил седум ќерки, 14 вници и 22 правнуци. Гарсија ќе биде погребан подоцна во средата на локалните гробишта во Леон.

На 2-ри јануари годинава Јапонката Кане Танака, која е признаена од Гинисовата книга на рекордите како најстарата жена на светот и лице воопшто, го прослави својот 119-ти роденден.

И покрај повеќето податоци за најстари лица од разни делови на светот, кои за неколку години ја надминуваат возраста на Танака, официјално според Гинисовата книга на рекордите досега најдолговечна личност на планетата е Французинката Жана Келман. Таа во време на нејзината смрт во август 1997 година, имала 122 години и 164 дена.