Дваесет и две навики на среќните луѓе

Постојат два типа луѓе во светот: оние кои одбираат да бидат среќни и оние кои одлучиле да бидат несреќни. Наспроти популарното прифаќање, среќата не доаѓа од славата, богатството или другите луѓе, туку одвнатре.

Најблагословена личност во светот може да биде несреќна, додека бездомник може да биде насмеан и задоволен со својот живот. Среќните луѓе се среќни затоа што сами себе се прават среќни, се радуваат. Тие имаат позитивен поглед на животот и во мир се со самите себе.

Како го постигнуваат тоа? Прилично едноставно. Среќните луѓе негуваат добри навики кои им го подобруваат животот. Нивните навики се поинакви, поразлични.

Прашајте ги среќните луѓе што се обидуваат да направат, и тие ќе ви кажат дека:

1. Не се злопамтила и простуваат
Среќните луѓе знаат дека е подобро да се прости и заборави, отколку да им се дозволи на негативните чувства да ги надминат позитивните. Злопаметењето може на многу начини негативно да влијае на нашето здравје; може да доведе до депресија, анксиозност и стрес.

Зошто би дозволиле личноста која ви наштетила да има моќ над вас?
Ако ослободите лоши чувства заради навредите кои другите ви ги направиле, ќе имате чиста совест и доволно енергија за да уживате во добрите работи во вашиот живот.

2. Љубезни се кон другите
Дали знаевте дека научно е докажано дека сте посреќни ако сте љубезни кон другите? Секој пат кога ќе направите нешто несебично, вашиот мозок произведува серотонин, хормон кој ја олеснува тензијата и го крева вашиот ум. Но, не само тоа. Ако се однесувате кон другите со љубов и почит кон нив и нивното достоинство, ќе можете да изградите посилни меѓучовечки односи.

3. На проблемите гледаат како на предизвици
Зборот “проблем” никогаш не е дел од речникот на една среќна личност. Бидејќи проблемот се доживува како нешто што нè враќа неколку чекори наназад, како борба или неизвесна ситуација, додека предизвикот е нешто позитивно; можност, задача или поттик нешто да се осмелиме да направиме. Обидете се пречките со кои се соочувате да ги гледате како предизвик.

4. Искажуваат благодарност за она што веќе го имаат
Популарната изрека гласи вака: “Најсреќните луѓе го немаат најдобро од сè, тие само го прават најдоброто од она што имаат.” Вашето чувство на задоволство ќе биде многу подлабоко ако секогаш сте свесни за вашите благослови, наместо да имате желба за нешто што го немате.

5. Сонуваат

Луѓето кои имаат големи соништа, своите цели ќе ги постигнат пред оние кои ги немаат. Ако се осмелите да сонувате, ќе бидете насочени и добро расположени.

6. Не се оптоварени со ситници
Среќни луѓе се прашуваат: “Дали овој проблем ќе биде важен за една година?” Тие знаат дека животот е премногу краток за да се потроши на прилично неважни животни ситуации. Ако не дозволите таквите ситуации да ве оптоваруваат, ќе бидете порелаксирани и ќе можете да уживате во она што е навистина важно во животот.

7. Зборуваат добро за другите
Човекот се чувствува подобро кога е љубезен, отколку кога е злобен. Колку и да е озборувањето забавно, после него речиси секогаш ќе се чувствувате виновни и полни со каење. Истакнувањето на убавите работи кај другите, ќе ве поттикне да размислувате позитивно и да не осудувате.

8. Никогаш не се правдаат
Бенџамин Френклин еднаш рекол: “Кој е добар во барањето оправдување, ретко е добар во било што друго”. Среќните луѓе не се оправдуваат и не ги обвинуваат другите за своите грешки. Наместо тоа, тие ги признаваат, па правејќи така, активно се обидуваат да станат подобри.

9. Живеат во сегашноста
Среќни луѓе не жалат по минатото и не се загрижени за иднината. Тие уживаат во сегашноста, целосно се посветени на она што го прават во моментот. Па, запрете и помирисајте ја розата.

10. Секое утро стануваат во исто време

Дали забележавте дека многу успешни луѓе рано стануваат? Станувањето во исто време ќе го стабилизира вашиот биолошки ритам, ќе ја зголеми продуктивноста и ќе ве натера да бидете помирни и поконцентрирани.

11. Избегнуваат да се споредуваат со другите
Секој работи со свое темпо, така што нема смисла да се споредувате со другите. Ако мислите дека сте подобар од некој друг, во вас ќе се појави нездраво чувство на супериорност. Ако мислите дека некој е подобар од вас, ќе се чувствувате лошо. Ќе бидете посреќни ако се насочите на сопствениот напредок, а го пофалите туѓиот.

12. Мудро избираат пријатели
Тагата го сака друштвото … Значи, важно е да се опкружувате со оптимистички луѓе кои ќе ве поттикнуваат да ги остварувате своите цели. Колку повеќе сте опкружени со такви луѓе, толку подобро ќе се чувствувате.

13. Не бараат одобрување
Среќни луѓе не се грижат за тоа што другите мислат за нив. Го следат своето срце и не дозволуваат другите да ги обесхрабрат. Знаат дека е невозможно да се задоволат сите. Слушнете што другите имаат да кажат, но никогаш не барајте одобрение.

14. Внимателно слушаат
Помалку зборувајте – повеќе слушајте. Слушањето го прави вашиот ум отворен за мудроста на другите и ви овозможува да слушнете различни мислења. Колку поинтензивно слушате, толку повеќе вашиот ум станува потивок, а вие станувате позадоволни.

15. Негуваат меѓучовечки односи

Осаменикот е тажна личност. Среќните луѓе се свесни колку е важно да се развијат силни, здрави односи. Секогаш имајте време за вашето семејство, пријателите или саканите.

16. Медитираат
Медитацијата го смирува умот и помага да пронајде внатрешен мир. Вие не мора да бидете мајстори на медитација за да успеете во тоа. Среќните луѓе можат да го замолчат умот во секое време и насекаде, особено кога знаат дека треба да ги смират нервите.

17. Здраво се хранат
Поради брзата храна, човекот се чувствува мрзеливо, а во таква состојба е тешко да се биде среќен. Сè што ќе изедете, директно влијае на способноста на вашето тело да произведува хормони кои го детерминираат расположението, енергијата и концентрацијата. Внимавајте да јадете храна која вашиот ум и телото ќе ги одржува во добра форма.

18. Вежбаат
Истражувањата покажале дека вежбите значително го покачуваат нивото на хормонот на среќа. Тие, исто така, ќе ја подигнат вашата самодоверба, а потоа ќе се чувствувате поудобно.

19. Едноставно живеат
Среќните луѓе немаат куп работи во нивниот дом, бидејќи знаат дека тие непотребно ги оптоваруваат и прават нервозни. Некои истражувања покажале дека Европејците се многу посреќни од Американците. Тоа е многу интересно, бидејќи Европејците живеат во помали домови, возат поедноставни автомобили и имаат помалку ствари.

20. Зборуваат вистина

Лажењето предизвикува стрес; поради него ќе ја изгубите својата самодоверба и ќе станете антипатични. Вистината ќе ве ослободи. Искреноста го подобрува вашето ментално здравје, и овозможува другите да стекнат доверба во вас. Секогаш бидете искрени и никогаш не се извинувајте заради тоа.

21. Имаат развиена самоконтрола
Среќните луѓе имаат шанса да “одберат” каков ќе биде нивниот живот. Тие не им дозволуваат на другите да зборуваат за тоа како тие треба да живеат. Ако управувате со својот живот, ќе бидете позитивни и свесни за вашите вредности.

22. Прифаќаат она што не можат да променат
Откако ќе го прифатат фактот дека животот не е “фер”, многу се помирни. Наместо да се оптоварувате со тоа како “животот не е чесен”, фокусирајте се на она на што можете да влијаете и променете го тоа на подобро.