![policiski cas Tetovo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/policiski-cas-Tetovo.jpg?resize=696%2C325&ssl=1)
Вкупно дваесет и пет лица од Делчево, Прилеп и Охрид се пријавени за нарушување на мерките за сузбивање на епидемијата на коронавирусот во земјата, соопштија во четвртокот наделжните институции.
Обвинетите не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час во деновите во викендот без дозвола се движеле. Со тоа, тие во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
За обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во висина од по 2.000 евра во денарска противвредност.
Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казни во висина од по 2 000 евра против вкупно 19 лица кои не го почитувале полицискиот час.
„Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот“, стои во соопштението од ОЈО.
Надлежните јавни обвинители му предложиле на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
Сите се обвинети за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против 43-годишен жител на Скопје со престојувалиште во Охрид заради продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од Јавното обвинителство.
„Обвинетиот на 13-ти март на граничниот премин Табановце допатувал од Австрија, веднаш заминал во неговиот стан во Охрид и иако знаел дека е должен да се самоизолира, истиот ден се јавил во кабелски оператор и побарал да во станот во кој престојувал да му монтираат кабелска телевизија и интернет. Притоа остварил личен контакт со тројца вработени во кабелскиот оператор, кои ги повикал и ги примил во просторијата во која престојувал, без да ги извести дека е во задолжителна самоизолација и без да носи заштитна маска и ракавици“, информираат од ОЈО Охрид.
Јавното обвинителство предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Исто така, охридското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против уште едно лице кое на 29-ти март не постапило согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.
„Обвинетиот бил затекнат надвор од домот за време на полицискиот час со што сторил кривично дело ‘непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопти охридската полиција.
И за овој обвинет, обвинителството на Основниот суд Охрид м у предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да бид