Двајца француски војници загинаа спасувајќи заложници во Буркина Фасо

Двајца француски војници загинале во ноќна акција за спасување на четворица заложници, од кои двајца француски државјани, од заложништво на исламистичка групација во Буркина Фасо, пренесува во петокот агенцијата Reuters.

Кабинетот на францускиот претедател Емануел Макрон соопшти сека сите заложници се на сигурно, како и дека покрај двајцата француски државјани спасени се и една Американка и жена од Јужна Кореја.

„Прецизно и одлично изведената акција на француските војници овоможи грабнувачите да бидат елиминирани, а истовремено да се сочуваат животите на заложниците“, соопшти командата на француската војска.

Припадниците француските специјални сили ја извршиле акцијата ноќта кон петокот, со поддршка на војниците на француската операција „Баркан“ во областа Сахел, започната за да се запре напредувањето на исламистичките милитанти. Француските војници притоа располагаат и со американски разузнавачки податоци.

Двајцата ослободени француски државјани се туристи кои исламисите ги грабнале минатата седмица во Национачниот парк Пенџари во соседен Бенин. Нивниот водич на сафари е пронајден мртов, изрешетан со куршуми, а возилото било напуштено.

Француската влада редовно ги предупредува своите државјани да избегнуваат да патуваат во деловите на Бенин и Буркина Фаса поради опасност да бидат грабнати.

Големи подрачја од северниот и источниот дел од Буркина Фаса се под контрола на исламските екстремисти. Пред нивното напредување од споменатото подрачје побегнаа повеќе од 100.000 луѓе.