Двајца Грци направиле „пепел“ со измама на стотици илјади Германци

Двајца Грци измамиле 360 илјади Германци и ги оштетиле за 36,5 милиони евра, убедувајќи ги месечно да уплаќаат одредена сума на пари за непостоечки игри на среќа.

Двајцата приведени, на возраст од од 36 и 44 години од јануари 2009  до ноември 2012 година организирале огромна измама и телефонски се поврзувале и успевале да ги убедат Германците секој месец да уплаќаат по 29,90 евра за фиктивни лотариски игри.

Според полицијата, измамниците првично нелегално се здобиле со координатите на љубителите на игри на среќа, а потоа употребувале „специјално обучен персонал“ за да ги привлечат своите жртви со ветувања за добивање автомобили, патувања, пари….