Двајца пешаци се со тешки телесни повреди, а еден е со телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување на Клинички центар,информираат од МВР.
Ова е исходот од синоќешната сообраќајна несреќа која се случи на бул „Партизански одреди“ кога патничко возило „ауди“ удри во паркирано возило, а потоа и во сендвичарницата „Вили“ на булеварот „Партизанска“. Притоа настрадаа пешаци, две девојчиња родени 1994 година и едно момче родено 1995 година, сите од Скопје.
Од МВР инмформираат дека увидот траел до рано изутрина и се уште не се познати причините поради кои настанала наесреќата.