Пред два дена во затворот во скопската населба Шуто Оризари се случил тежок инцидент, кога двајца осудени лица, Албанци по националност, брутално го претепале Коста Делов, еден од главните осомничени за нападот врз Зијадин Села за настаните од ланскиот 27-ми април во Собранието, пренесува порталот на албански јазик PaCensurë.
Според порталот, инцидентот се случил кога Коста Делов и другите затвореници го искористиле слободното време за прошетка. Според неофицијалните информации кои што пристигнале до порталот на албански јазик Без цензура (Pa Censurë), до нападот дошло бидејќи двајцата Албанци се почуствувале испровоцирани од Делов, и го претепале до бесознание, така што дури ни затворските чувари не можеле да му помогнат.
Во моментов, според порталот, Делов е во стабилна состојба, а од двајцата осуденици била побарана одговорност.