Двајца осуденици приведени и пренесени во затвор

Двајца осуденици кои веќе подолго време се барале за да ги издржат пресудените затворски казни се уапсени минатата недела од скопската полиција и пренесени во затвор.

Триесет и деветгодишниот Леонардо Р. се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци за фалсификување исправа. Додека 58-годишниот Александар Н. бил осуден на една година поради тешка кражба.