Двајца повредени во сообраќајката кај Ласкарци сè уште во критична состојба

Двајца повредени во сообраќајката кај Ласкарци сè уште во критична состојба. Седуммина од повредените се хоспитализирани во „ГОБ 8-ми септември“.

Четворица се хоспитализирани на ургентен, од нив тројца се во добра состојба, додека еден пациент е на карил во критична состојба.

Од Министерството за здравство за Алфа велат дека се очекува поголем број од полесно повредените, во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.