Двајца скопјани биле пронајдени мртви, вчера во Скопје, информираше МВР.
Во првиот случај, во 8 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Фуштанска од страна на негов роднина пронајден бил починат В.З.(47). Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото било пратено на обдукција.
Во 14.30 часот било пријавено дека на улицата Гвадалахара, во напуштен објект, било пронајдено тело во фаза на распаѓање. По идентификаццијате е утврдено дека станува збор за Е.И. (65) од Скопје.
Констатирана била смрт од страна на лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.