Двајца скопјани загинале откако автомобилот во кој се возеле излетал од патот, информираше МВР. Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера на локалниот пат Катланово-Бадар.
Околу 12 часот било пријавено дека во близина на мостот на река Пчиња имало возило кое излетало од патот. По пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје која извадила автомобил „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки. Во возилото имало две починати лица. Се работи за лицата З.Н.(39) од Скопје и С.П.(22) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, велат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.