Двајца тинејџери меѓу загинатите во железничката несреќа – Ден на жалост во Ниш

Во страшната железничка несреќа во близина на Ниш , загинаа пет лица , меѓу кои и 15 годишниот Алекса и 17 годишната Маријана.

Во несреќата загинаа три лица на самото место , а уште две во нишката болница , каде беа однесени 26 патници од автобусот , низ кој со полна брзина помина воз и го преполови на необележан железнички премин.

Меѓу загинатите се 17 годишната Маријана Коциќ и 15 годишниот Алекса Димитријевиќ.

Mаријана била ученичка во трета година во средно стручно училиште во Ниш . Се успала и го испуштила автобусот со кој обично оди на училиште , па влегла во ,,автобусот на смртта”.

Алекса бил ученик во прва година во средното градежно училиште во Ниш.

Во несреќата загинаа и Богомир Лазиќ (75), Данијела Станковиќ (48) и Наташа Јанковиќ (42).

Во Ниш денеска е прогласен Ден на жалост.