Дванаесет безживотни тела се пронајдени во Обреновац, а се стравува и дека нивниот број е поголем.
Српскиот премиер Александар Вучиќ истакна дека власта планира да ја заштити јавноста од сензационализам и невистинити приказни.
– Ситуацијата е катастрофална, но има и невистинити информации, како на пример, дека се урнати цели згради. Тоа не е точно, станува збор само за еднокатна куќа, посочи Вучиќ.
Влезот во Обреновац и понатаму е блокиран, а евакуацијата се уште трае. Полицијата ги пропушта само спасувачките екипи.