Дванаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, и сите се изгаснати, сопшти Центарот за управување со кризи.
Пожари имало во Валандовско, кај село Марвинци и кај с.Чалаклија каде горела ниска вегетација, во Шуто Оризари имало запалена ниска вегетација и отпад, во Чаир горело ѓубре, во Кичево кај с.Цер ниска вегетација и габер, а кај стрелиштето „Пенуш“ во Штипско биле се опожарени ниска вегетација и грмушки. Два пожа имало во Битола, во населбата „Баир“ (ниска вегетација) и кај с.Алинци (ниска вегетација), во Долнени кај с.Сенакос горело жито, во Прилеп ниска вегетација, во Куманово кај Железничка станица се изгорени ниска вегетација и прагови, а во Општина Струга кај нас. „Езерски Лозја“ е опожарена ниска вегетација.