Дванаесет жртви на торнадо во Кина

Најмалку 12 луѓе загинале а уште 400 други биле повредени во две торнада кои ги погодиле централните кинески градови Вухан и Сужои, пренесува во средата весникот Global Times.

Според извештаите, во големото невреме во Вухан, административен центар на провинцијата Хубеи, загинале осум луѓе а 280 се повредени. Најмалку 85 домови биле целосно уништени, а околу 400 се делумно оштетени. Во налетите на ветрот биле соборени два џиновски крана, како и привремени конструкции со вкупна повтршина од околу 8.000 квадратни метри.

Во градот Сужу, во провинцијата Циангсу, торнадото усмртило четири и повредило 140 други луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.