Дванаесетти ‘трипл-дабл’ сезонава за Џејмс, за победа на Лејкерс кај Нагетс

Во неизесен дуел ноќта кон четвртокот Лос Анџелес Лејкерс на гости со 120:116 по продолжение ги победија Денверс Нагетс, благодарејќи најмногу на Леброн Џејмс кој го оствари својот 12-ти „трипл-дабл“ сезонава.

Леброн Џејмс средбата ја заврши со 32 коша, 12 скокови и 14 асистенции, додека Ентони Дејвис даде 33 поени со 10 скокови. Најдобар поединец кај Денвер беше Џамал Мареј со 32 коша и 10 асистенции, додека Никола Јокиќ додаде 22 поени со 11 скокови.

Јута Џез ја впишаа четвртата последователна победа со 116:101 над Мајами Хитс на свој терен. Најдобар стрелец беше Донован Мичел со 26 коша, а госледеа Бојан Богдановиќ со 22 коша од кои три „тројки“ и Џордан Кларксон со 21 кош. Кај Мајами најдобар беше Џими Батлер со 25 поени.

Мемфис Гризлис со 111:104 на домашен паркет ги победија Портланд Трејл Блејзерс, а ги предводеше Брендон Кларк со 27 поени, додека Џа Морант додаде 20 коша со 9 асистенции. Кај Портланд најдобар беше Си Џеј Калум со 23 поени, додека Демиен Лилард мечот го зарши со 20 коша.

Феникс Санс дома со 112:106 ги победија Голден Стејт Вориорс, а ги водепе Девин Букер со 27 коша. Кели Обри додаде 15 коша, а Микал Бриџес 14 поени за Санс, кои ги загубија шесте од претходните седум натпревари. Ендрју Вигинс со 27 коша беше најдобар стрелец кај Вориотс кој загубија четири меча со ред и имаат најлош сооднос на победи и порази во НБА лигата од 5-42.

Кливленд Кавалирс ја завршија серијата од шест порази по ред, совладувајќи ги со 127:105 Атланта Хоукс. Тристан Томпосн , Андред Драмонт и Лери Ненс постигнаа по „дабл-дабли“ за една од ретките победи на Денвер сезонва. Томпсон постигна 27 коша со 11 скокови, Драмнонд додаде 14 коша и 15 скокови а Нанс 23 коша и 12 скокови. Кај Атланта најдобар беше Трај Јанг со 27 коша и 12 асистенции, што е негов 21 „дабл-дабл“ во кариерата.

Вашингтон Визардс на гости со 114:96 славеа над Њујорк Никс, а Бредли Бил го заврши мечот со 30 поени. Џулиус Рендл имаше ефект од 21 кош и 13 скокови

Бруклин Нетс ја прекинаа серијата од 15 победи на шампионот Торонто Репторс, совладувајќи ги дома со 101;91, а Индијана Пејсерс со 118:111 беа подобри од гостите Милвоки Бакс. Орландо Меџикс по продолженија со 116:112 ги поебдија гостиснките Детроит Пистонс, додека Далас Маверикс кај кој се врати Лука Дончич пред своја публика беа со 130:111 подобри од Сакраменто Кингс. Шарлот Хорнетс надоместувајќи заостанување од 18 поени на крајот го победија Минесота Тимберволвс со 115:108 во Минеаполис.

 

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Атланта 127:105
Орландо – Детроит 116:112 (по продолжение)
Бруклин – Торонто 101:91
Индијана – Милвоки 118:111
Њујорк – Вашингтон 96:114
Мемфис – Портланд 111:104
Минесота – Шарлот 108:115
Далас – Сакраменто 130:111
Феникс – Голден Стејт 112:106
Јута – Мајами 116:101
Денвер – ЛА лејкерс 116:120 (по продолжение).

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Торонто 40 15 .727 –
2. Бостон 37 16 .698 2
3. Филаделфија 34 21 .618 6
4. Бруклин 25 28 .472 14
5. Њујорк 17 38 .309 23

Централна дивизија

1. Милвоки 46 8.885 –
2. Индијана 32 23 .582 14 1/2
3. Чикаго 19 36 .345 27 1/2
4. Детроит 19 38 .333 28 1/2
5. Кливленд 14 40 .259 32

Југоисточна дивизија

1. Мајами 35 19 .648 –
2. Орландо 24 31 .436 11 1/2
3. Вашингтон 20 33 .377 14 1/2
4. Шарлот 18 36 .333 17
5. Атланта 15 41 .268 21

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северна дивизија

1. Денвер 38 17 .691 –
2. Јута 36 18 .667 1 1/2
3. Оклахома Сити 32 22 .593 5 1/2
4. Портланд 25 31 .446 13 1/2
5. Минесота 16 37 .302 21

Пацифичка дивизија

1. ЛА Лејкерс 41 12 .774 –
2. ЛА Клиперс 37 17 .685 4 1/2
3. Феникс 22 33 .400 20
4. Сакраменто 21 33 .389 20 1/2
5. Голден Стејт 12 43 .218 30

Југозападна дивизија

1. Хјустон 34 20 .630 –
2. Далас 33 22 .600 1 1/2
3. Мемфис 28 26 .519 6
4. Сан Антонио 23 31 .426 11
5. Њу Орлеанс 23 31 .426 11