Последниве два месеци на Детската клиника во Скопје се регистрирани две деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот.
Ова го потврдува докторката Аспазија Софијанова, која е шеф на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести, а Светската здравствена организација побара да се истражи новиот синдром кој се појавува кај децата и кој не е исклучено да е поврзан со Ковид 19.
Софијанова вели дека едното дете било на осумгодишна, а другото на петгодишна возраст. Тие се извлекувани и се дома веќе. Децата имале осип на кожата кој се повлекол за една недела.
Сметам дека симптомите слични на Кавасаки болеста беа последица од контакт со новиот Корона вирус, иако тие немаа класични симптоми на КОВИД-19, вели Софијанова.
Децата имале температура, но не многу висока и немале наод на белите дробови. Едното дете било тестирано на Ковид 19, и тестот бил негативен.