Две дечиња позитивни на коронавирус се првите пациенти во вториот Ковид центар – Детската болница во Козле

Две дечиња позитивни на коронавирус се првите пациенти во вториот Ковид центар – Детската болница во Козле. Тие заедно со нивните родители денеска пристигнале во македонија, а тестирањето на граничниот премин покажало дека се носители на вирусот за разлика од нивните родители кои се негативни. Тие се аспимтоматски а нивната здравствена состојба е стабилна. Директорот на болницата во Козле вели дека се целосно технички опремени а кадарот е дополнет и подготвен за прием на возрасни пацинети.

Притисокот од јавно објавување на идентитетите и стравот од осуда од средината и од најблиските ја смени перцепцијата кај граѓаните кои одбиваа да ги примат решенијата за изолација или пак даваа лажни опдатоци, адреси и телефонски броеви. Во изминативе неколку дена телефоните во државниот здравствен инспекторат непрестано ѕвонат а голем е бројот на на мејлови од граѓани кои сега нетрпеливо чекаат да им биде испратено решението.

Сепак на терен сликата сеуште не е изменета и според Бухова сеуште има проблеми при врачувањето на решенијата. Не е мал бројот и на оние кои калкулираа. Според извори на Телма само вчера неколку граѓани на кои на 7 овој месец им било изготвено решението се јавиле да го подигнат, еден ден пред истекот на изолацијата.

Најавеното објавување на листата на они кои не добие решенија бидејќи лажеле или пак одбиле ќе биде во текот на идната недела. Претсавници на Инспекторатот и на Агенцијата за заштита на лични податоци секојдневно имаат состаноци за да се изгтови законското решение ке ќе го покрие овој потег.

По објавата дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов е позитивен на коронавирус какои  четворица службеници во Антикорупциската комисија од Центарот за јавно здравје соопштија дека тимови на епидемиолози веќе прават анкети во Град Скопје и во Антикорупциска а тестирањата ќе бидат спроведени во текот на идената недела за да се запази рокот за инкубација.