Куманово се засили со плејмејкер со НБА искуство (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово успеа да постигне договор за ангажман на американскиот плејмејкер Џош Селби.

Селби има 29 години и треба да биде големо засилување за составот на Куманово кој во следната година ќе биде преводен од Владимир Мирковски. Џош е играч кој има настапувано во многу земји со тоа што има искуство и од Балканот каде беше дел од хрватска Цедевита.

Интересно за него е што има настапувано и во НБА лигата во дресот на Мемфис Гризлис во сезоните 2011-2012 и 2012-2013 што значи дека Куманово добива играч кој ќе привлече внимание и ќе треба да биде лидер на теренот.
https://youtu.be/1iz2mNnvBK4