Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари, 2021 година на 68-годишна возраст.
Познатиот Панонски морнар, роден во Нови Сад, кој сакал да биде фудбалер, почнал да пишува стихови уште во основно училиште, а потоа тие само се нижеле. Зад себе остави неизбришлива трага со своите песни и зборови.
Вака зборуваше Балашевиќ…
„Луѓето се како школки – треба да отвориш илјадници од нив за да го најдеш бисерот“.
„Постојат тишини на кои се сеќавам повеќе од најубавите зборови“.
„Се заљубуваш затоа што тоа ти е потребно, а сакаш затоа што тоа му е потребно на некој друг“.
„Едно е кога копнееш по некој што е далеку, а сосема друго кога копнееш по некој што е блиску до тебе“.
„’Засекогаш’ е, сепак, само збор. Големите зборови обично имаат мала грешка и се намалуваат за трошка секогаш кога ќе ги изговориш. Ниту од моето ‘засекогаш’ не остана Бог знае што“.
„Ако жените одлучуваа за некои работи, светот ќе изгледаше поубаво. Можеби ќе имаше малку кубење за коса, озборувања и други работи, но дефинитивно не би имало толку многу крв и зло колку што сме посеале ние мажите“.
„Пријателу, не ја повредува неа тоа што не може да биде среќна со некој друг. Ја повредува тоа што не може да биде среќна со тебе“.
„Не, не сум изненаден, само сум разочаран. Не те мразам, само ја изгубив причината да те сакам“.
„Ниту една жена не е толку скапа за да не можете да ја купите со искрена љубов. Но, ниту е толку евтина за да може да се продаде за грст лаги“.
„Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не бараше да се променам, а ме промени. Таа е единствената на која искрено ѝ го кажав она што го чувствувам. Таа не бараше да ја држам како капка на дланка. Доволно ѝ беше тоа што ја сакам“.