Две лица починаа, 53 нови случаи на КОВИД-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа, направени се 1.185 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19. Две лица ја изгубиле битката со болеста.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Охрид – 7, Битола – 5, Велес, Кочани и Берово – по 3, Куманово и Неготино – по 2, Прилеп, Тетово, Штип, Струга, Свети Николе и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа  не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 03-08.05.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.061.739 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.345, бројот на оздравени пациенти е 302.602, на починати е 9.311, а бројот на активни случаи изнесува 432.