Две лица починаа, нови 511 случаи на КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 511 случаи на КОВИД-19, а пријавени се две починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г),  едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 05.07.2022.

Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889.