Две лица се тепале поради должничко-доверителски односи

На 12.04.2022 во 08:45 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека пред деловен објект на подрачјето на Гази Баба, по претходна вербална расправија поради должничко-доверителски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Т.(41) и Р.Р., двајцата од Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.