![nevreme sad misisipi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/5d1df8cbf8b69b2a460f6a7067007ef4.jpg?resize=640%2C359&ssl=1)
Невремето што го погоди централниот и јужниот дел на Соединетите Американски Држави, при кое силен ветер корнел дрвја и електрични столбови, однесе два човечки животи, јавуваат американските медиуми.
Еден маж загина во американската сојузна држава Мисисипи кога ветерот синоќа ја превртел неговата камп-куќа, додека другиот човек загина откако врз неговиот автомобил паднало дрво, при што потешко е повредена и една жена, јавува АП.
Во сојузната држава Арканзас во торнадо повредени се најмалку пет лица, а оштетени се повеќе десетици куќи.
По невремето десетина илјади луѓе се без напојување со електрична енергија.
Се очекува дека невремето кое предизвика студ, снег, торнадо и се закануваат и поплави ќе го нарушат сообраќајот во ценнтралните и јужните делови на САД овој викенд, кога милиони Американци ќе тргнат на патување за Божик, при што би можело да дојде до доцнење на летови, а условите на патиштата би можеле да бидат многу неповолни.