Две места за Македонија понуди БИБЛ лигата

Две македонски екипи би можеле да бидат дел од БИБЛ следата сезона откако регионалната лига испратила писмо во кое ја информира нашата кошаркарска федерација за плановите за натпревафувањето 2020/21. Идејата на регионалното натпреварување е во следната сезона која би почнала на 20. октомври да има по два претставника, покрај од Македонија уште и од Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора. Во зависност од интересот би можело да има и претставници на други држави.

Според тоа колку екипи би бил заинтересрани од регинот би било формирано натпреварувањето, најмалку со осум, а најмногу со 12 учеснци. Крајот на сезоната би бил со завршен турнир кој според планот би се одржал од 16 до 18 април следната година.

Во оваа сезона која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот макеоднската кошарка немаше претставници во БИБЛ, а во ова натпреварување две македонски екипи ја освојуваа титулата, Фени Индустри и Блокотехна.