Две општини во Косово во карантин, Приштина воведува контрола на границата

Косовската влада донесе одлука за затворање на сите гранични премини, освен за граѓаните на Косово, и воведе низа мерки а две општини ги прогласи за карантин, откако во петокот беа потврдени двата први случаи на зараза со коронавирус.

„Владата на Косово одлучи да ги затвори за слободни минување сите копнени админситративни премини, освен за жителите на Косово, коишто, доколку сакаат да се вратат на Косвоо, мора да бидат здравствено проверение и изолирани во карантин на 15 дена“, известија приштинските медиумки од прес-конференцијата на премиерот Албин Курти одржана во петокото вечерта.

Курти во петокот ноќта, по вонредната седница на неговата влада, ја соопшти одлуката дека на целата територија на Косово ќе бидат затворени сите кафулиња, трговски центри и ресторани, како и дека се запираат сите културни и спортски активности.

На Косово во петокот беа потврдеи првите два случаи на коронавирус, Едно лице кај кое е потврден вирусот е 20-годишна девија, италијанска државјанка која престојувала во Клина, населба на западот на Косово. Вториот заболен е 77-годишен маж од селото Стубал кај Витина, непосредно до границата со Македонија. Тамошните општински власти по потврдата на вирусот го изолирале целото село.