
На повторениот тендер за обнова на бродот „Галеб“, од периодот на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, стасале две понуди – од бродоградилиштата Виктор Ленац и Далмонт од Краљевица.
Бродоградилиштето Виктор Ленац, кој беше понудувач и на првиот тендер, овопат ја намали цената на својата понуда, и сега изнесува 60 милиони куни, додека понудата од Далмонт е 45 милиони куни плус ДДВ. (1 куна = 0,15 евра)
Целокупната процедура на избор и жалбен рок траат 120 денови.