![собрание](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/sobranie.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Собранието на Македонија денеска, како што е најавено, треба да одржи две седници, a во меѓувреме претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите.
ВМРО ДПМНЕ соопшти дека пратениците од оваа партија нема да учествуваат на денешната седница посветена на пратенички прашања. Привремениот координатор на парламентарната група Влатко Ѓорчев изјави дека ова решение било донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27-ми април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Премиерот Зоран Заев вчера рече дека очекува пратениците на опозицијата да дојдат на собраниската седница со пратенички прашања. Во спротивно, како што рече, таа кратко ќе трае, бидејќи, како што додаде, нема намера да одговара на прашањата на пратениците од мнозинството.