Две сообраќајни несреќи во кумановско

Две сообраќајни несреќи се случиле на подрачјето на кумановско, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Првата сообраќајна несреќа била на патниот правец Куманово-Младо Нагоричане, втората во Куманово. Екипите од Итната помош Куманово интервенирале на двете незгоди.

– На патниот правец Куманово-Младо Нагоричане имало сообраќјана незгода патничко моторно возило од Куманово и теренско моторно возило се судриле каде полесно бил повредено лицето во патничкото моторно возило и пренесено во Општата болница во Куманово, пренесува РЦУК Куманово.

Втората интервенција била во периодот од 18:30 часот кога се судриле два мотора и имало полесно повредени лица.