Две млади лица го изгубија животот во тешки сообраќајки кои се случија во Свети Николе и Неготино.
Според инфромациите од Министерството за внатрешни работи, околу 23.45 часот на локалниот пат меѓу селата Ерџелија и Мустасино, светиниколско, животот го загуби Антонио Ш. од Ерџелија.
Несреќата се случила кога тој изгубил контрола над автомобилот „бмв“ и удрил во дрво. Младиот возач загинал на лице место.
Околу 4.20 часот во Неготино, на раскрсницата од улиците Маршал Тито и Даме Груев се случила трагична несреќа во која загина една лице. Полицијата соопшти дека 27-годишниот Ј.А. изгубил контрола над автомобилот „мерцедес“ и се забил во столб од семафор.
Несреќата била фатална за сопатникот, 19-годишниот Александар Ј, кој починал на пат накај болница.