-0.2 C
Skopje
среда, февруари 19, 2025

Во Македонија две третини од починатите од коронавирусот се мажи

И Македонија го следи светскиот тренд според стапката на смртноста по пол од Ковид-19.

Според досегашните податоциод здравствените власти,бројот на починати мажи до завчера е повеќе од двојно поголем во однос на жените кои ја загубија битката со вирусот.Вкупно 39 наспроти 17, или изразено во проценти, 69 отстоод смртните случаи се мажи.

Според светската статистика, процентот на смртноста помеѓу половите во земјава е слична или безмалку истакако и во други земји. Во Италија процентот на починати мажи е 68, наспроти 32 отсто жени. Речиси идентична е состојбата и во изворот на заразата, Кина, 64 наспроти 36 проценти, а слични се анализите и во Германија, Австрија, Шведска и Иран. Нешто помала е разликата во Канада, починати мажи 56 проценти, наспроти 44, и во Јужна Кореја, процентот на смртност на мажи од коронавирусот е 53, а на жени изнесува 47 отсто.

Според светските епидемиолози, веќе се потврдува веројатноста, дека мажите се поранливи на КОВИД 19. Иако се останува во доментот на истражувањата, дел од нив, се потпираат на неколку тези, како што се податоците дека жените имаат поздрави навики од мажите, а статистиките покажале дека многу поголем број од мажите се пушачи, што го зголемува ризикот од респираторни проблеми.

„Има многу дискусии и во медиумите, но и во медицинската литература, во однос на тоа, каква улога има пушењето на цигари. На пример, во Кина има поголем број на мажи кои се регистрирани како пушачи на цигари, за разлика од жените. Околу 90 % од пушачите во Кина се мажи. Има и други тези, на пример жените, за разлика од мажите, повеќе внимаваат на исхраната, а и имаат поздрави животни навики“,вели Проф. Сабра Клајн, специјалист за родови разлики во однос на заразни болести на Факултетот за јавно здравје, Универзитет Џон Хопкинс.

Досега, во светот, од коронавирусот починаа околу 185.000. Лидер на листата на црн биланс од КОВИД 19 остануваат САД, со над 47.000 починати.