Две жртви во палестинско ракетирање на Израел

(Photo by JACK GUEZ / AFP)

Две жени загинале во ракетирањето на изралескиот јужен град Ашкерон што го извеле палестинските радикали, пренесува во вторникот Reuters наведувајќи израелски извори.

Претходно во вторникот весникот Times of Israel јави дека радикалните групации од палестинската енклава Појасот Газа истрелале десетици ракети кон големите израелски градови Ашкелон и Ашдод.

Израелското државно радио Kan пренесува дека еден проектил лансиран од појасот Газа го погодил јужниот град Ашдод, и притоа најмалку две лица биле ранети. Вкупно, во ракетирањата на Израел биле ранети десетици лица, според истиот извор.

Од понеделникот вечерта продолжуваат ракетните напади од Појасот Газа врз изралеските градови, за кои полестинските милитантни организации Хамас и Исламски џихад велат дека се одговор на насилните судири во источен Ерусалим, предизвикани поради притисоците на израелските власти да ги иселат палестинските семејства од квартот Шеик Џара.

Според пресметките на израелските медиуми, кои се повикуваат на податоците од војската и локалните власти, само во вторникот врз еврејската држава од палестинската територија биле истрелани повеќе од 250 проектили.

Претходно во вторникот утрото министерството за здравство на палестинската енклава Појасот Газа извести за најмалку 24 загинати лица, меѓу кои и девет деца, кои се убиени во воздушните напади на израелската војска во како одговор на лансирањето ракето од илсамистичкото движење Хамас кон Ерусалим.

Повеќе стотици Палестинци се повредени во понеделникто во некои судири со изралеската полиција на Платото на џамиите во источен Ерусалим, во продолжување на насилствата минатата седмица во Светиот град.

Новите судири дојдоа на Денот на Ерусалим, со кој според хебрејскиот календар се слави израелското освојување на Стариот град во источните делови на Ерусалим во Шестдневната војна од 1967 година. Тензиите изминатите седмици се зголемија и поради инсистирањето и закани за палестински семејства во кварот Шеик Џара во источен Ерусалим, за да се иселат и да го ослободат просторот за еврејските жители.