Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која во четвртокот вечерта се случила на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превојот „Ѓавато“
-Во близина на мостот над село Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот З.С. од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот В.С. од Охрид, информираат од МВР.
Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи.
Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.