Босна и Херцеговина ќе дозволи враќање на свои државјани кои во моментов се сместени во кампови во Сирија, а биле поврзани со џихадистичката организација Исламска држава, бидејќи тоа е нејзина обврска, но сторителе на кривични дела поврзани со тероризам ќе мода да се соочат со истрани и обвиненија.
Ова во понеделникот за новинарите во Бања Лука го изјави министерот за безбедност на БиХ,. Драган Мектиќ, потврдувајќи дека станува збор за 260 босанскохерцеговски државјани. Според него, властите во БиХ имаат информации дека по падот на Исламската држава во кампови во Сирија, во кои во моментов има 270.000 лица, се заточени 260 мажи, жени и деца кои веројатно имаат државјанство на БиХ. Од нив стотина се мажи кои се бореле во редовите на исламистичките терористички организации на Блискиот исток.
Мектиќ додаде дека жените кои сакаат да се вратат во БиХ ќе бидат третирани согласно меѓународните конвенции, при што законски ќе одговараат сите оние кои биле припаднички на Исламската држава, дури и доколку за исламистичките теористи извршувале само помошни работи.
Истакна дека ќе бидат прифатени само оние за кои недвосмислено ќе се потврди дека се државјани на БиХ. Мектиќ притоа потврди дека токму затоа во октомври и била договорена депортација на девет мажи и едно дете на тригодишна возраст кое останало без целото семејство, но операцијата е откажана на неопределено време по турската воена операција во североисточна Сирија.
Каква е ситуацијата во трите бегалски и затворенички кампови кои се наоѓаат во сириската покраина Идлиб не е сосема јасно, но според информациите кои ги пренесе Мектиќ, турската војска им овозможила на сириските Курди да продолжат да управуваат со овите кампови.
Посебен проблем за властите претставуваат децата кои се родени во Сирија и во Ирак. Според Мектиќ, усогласен е механизам според кон нивниот идентите ќе се утврдува пред депортацијата, бидејќи мора точно да се утвди кои им се биолошките родители и дали тие деца имаат право на државјанство на БиХ. „Нема да биде прифатени никој кој не е државјанин на БиХ, а крајната мерка ќе биде ДНК анализа“, рече Мектиќ.