Двете Кореи ја обновија комуникацијата

Јужна и Северна Кореја ја обновија меѓусебната комуникација, а челниците на двете земји се согласија да ја обноват довербата и да ги подобрат врските, соопшти во вторникот владата во Сеул.

Северноорејската државна новинска агенција KCNA, исто така, објави дека сите меѓукорејски комуникациски канали повторно се отворени во вторникот во 10 часот по локално време, во согласност со договорот на двајцата челници.

Јужнокорејескиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун размениле повеќе писма од април годинава, и се договориле за повторно воспоставување на директните телефонски линии, сооопштено е од кабинетот на владата на Јужна Кореја.

Северна Кореја ја прекина оваа „жешка линија“ во јуни 2020 година, поради проблем со прекуграничните врски по повторните традиционални масивни јужнокорејско-американски воени маневри. На тоа претходеше и неуспешниот втор самит во февраури 2019 меѓу Ким Џонг-ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп, на кон Мун Џае0н се понуди да посредува.

Мун повикуваше на обновување на „жешката линија“ и на дијалогот, полагајќи големи надежи во сегашниот американски претседател Џо Бајден повторно да ги покрене преговорите со Северна Кореја со цел да се демонтираат нуклеарните и ракетните програмн на Пјонгјанг.