![atina 1203_10](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/atina-1203_10.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
„Движење за промена“ е новата формација создадена како резултат на обединувањето на двете парламентарни партии – социјалистичката ПАСОК и центристичката Потами, пренесуваат грчките медиуми.
Станува збор за новоформирана централно-левичарска алијанса, предводена од лидерот на ПАСОК, Фофи Генимата. Таа беше избрана минатиот месец со висок одѕив на гласачите. Конгресот треба да го одобри името на новиот сојуз.
Освен ПАСОК и Потами во него учествуваат и други помали левичарски партии, како Демократската левица ДИМАР, која е дел од парламентарниот Демократски блок со учество и на социјалистите од ПАСОК.
Целта на алијансата е обединување на централната левица во Парламентот и промена на сегашната статус кво ситуација, доминирана од партиите СИРИЗА и Нова демократија.
Новата алијанса ќе се стреми да ги врати гласачите од владејачката радикална левица СИРИЗА.
МИА