Двојни аршини: Во Делчево се одржа партиска трибина на СДСМ во СОУ „Методи Митевски-Брицо”, а е затворена за рекреативци и вљубеници во спортот

„Двојни аршини⁉️
Дали Спортската сала на СОУ “Методи Митевски-Брицо” во Делчево е затворена за спортски рекреативци и вљубеници во спортот а за партиска трибина на СДСМ не е❓
🎯Особено за потенцирање е фактот што СДСМ како организаторот на истиот овој настан, а и премиерот дезертер, треба да знаат дека согласно член 7 од Закон за средно образование (МОН – консолидиран текст) се забранети неколку работи“, пишува Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево на својата Фејсбук страница и наведува:
-Во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување‼️
-Во средното училиште не се дозволува организирање на верско образование‼️
-Во средното училиште е забрането истакнување на партиски и верски обележја‼️
Од член 7 од Закон за средно образование (МОН – консолидиран текст) јасно се гледа дека од страна на организаторот СДСМ и премиерот дезертер на повидум е грубо кршење на законите на Република Македонија, доколку истиот овој настан се одржи во објект кој што е наменет за образование и спорт на учениците од Општина Делчево❓
ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија не може а да не реагира на ваквото непочитување и грубо кршење на законите на Република Македонија, што, пак, е одлика на СДСМ“!