Двојно повеќе новозаразени во Италија од јунскиот просек

Некогаш најпогодената од пандемијата европска земја Италија, успеа да го намали бројот на заразените со коронавирусот на дневно ниво, но здравствените власти стравуваат од повторно разгорување на заразата.

Италијанските здравствени власти во средата регистрираа 481 нов случајна заразата и 10 нови смртни случаи, што е двојно повеќе од дневните просеци во јуни, кога започна ублажувањето на рестриктивните мерки воведени во март.

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца доцна вечерта во средата објави дека го потпишал указот со кој се бара тест на коронавирусот за сите кои пристигнуваат во земјата од Хрватска, Грција, Малта и Шпанија, а целосно се забранети доѓањета од Колумбија.

„Мораме да продолжиме со претпазливоста за да се задржат резултатите кои ги постигнавме изминатите месеци, преку жртвувањето на сите“, напиша Сперанца на социјалните мрежи.

Хрватска во средата со 130 новозаразени го забележа вториот најлош дена од почетокот на пандемијата, додека Грција со 262 случаи го забележа рекордниот број на новозаразените од почетокот на појавата на вирусот во земјата.