Двојно повисока е довербата на граѓаните во Мицкоски отколку во Ковачевски

Најголема доверба како политичар, македонските граѓани имаат во лидерот на опозицската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажуваат резултатите објавени во неделата од истражувањето спроведено од институтот ИПИС.

Така, според ова истражување, Мицкоски ужива доверба од 16,2 отсто кај избоирачите, додека актуелниот премиер и лидер на владејачката СДСМ, Ковачевски го поддржуваат 8,7 отсто од испитаниците.

Доскорешниот премиер и лидер на социјалдемократите Зоран Заев, пак, има приближно ист рејтинг со својот наследник на позицијата Ковачевски од 6,4 отсто, што укажува на тоа дека актуелниот лидер не може да ги убеди ниту своите сопартијци во сопствениот кредибилитет,

Меѓу политичарите од албанскиот корпус, Али Ахмети од ДУИ ужува доверба од 7,3 отсто, додека челникот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го поддржуваат 3,9 отсто испитаници. Билал Касамо има 3,9 а Африм Гаши 1,0-процентна поддршка.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во моментов го поддржуваат 2,7 процентни од гласачите.

Интересно е што по подолго време во ваквите истражувањеа повторно се појавува името на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер, Никола Груевски, за кого во ова истражување се определиле 1,4 отсто од испитаниците.

Истражувањето укажува и дека висок процент од 32 отсто граѓани воопшто немаат политичар кого претпочитаат, а 15,4 проценти не се изјаснуваат, додека вкупно 3,2 отсто се определуваат вкупно за политичари кои не се појавуваат со позначителна бројка во анкетата.