Бројот на лицата кои без државјанство престојуваат во Германија двојно се зголемил по бегалската криза од 2015 година, соопшти во четвртокот Сојузното биро за статистика во Визбаден.
„Кон крајот на 2022 година во централниот регистер за странци биле забележани 29.455 лица без државјанство. Тоа е двојно повеќе отколку пред мигрантскиот бран од 2015 и 2016 година“, соопшти германското Статистичко биро.
Се додава дека половината од овие лица пристигнале во Германија од Сирија.
Како причини се наведуваат немањето лични документи коишто недвосмислено би можело да потврди нечие државјанството. За граѓаните на Сирија тие документи речиси е невозможно да се обезбедат дополнително поради несоработувањето од страна на владата на Сирија, се додава.
Во многу случаи подносителите на барање за азил ги уништуваат своите документи, за давајќи лажни наводи за своето потекло да ги зголемат шансите за стекнување право на политички азил.
Бегалците во Сирија во моментов во Германија уживаат право на заштита, а по осум години можат да побараат државјанство, доколку ги исполнуваат условите.
Според податоците на Обединетите нации, немањето државјанство понекогаш се заснова и на половата дискриминација, поради тоа што во некои земји жените своето државјанство не можат да го пренесат и на детето.
На пример, децата родени во Германија не стекнуваат автоматски германско државјанство, доколку еден од родителите не престојува најмалку осум години во Германија и не поседува неограничена дозвола за престој. Германија, со исклучок на државјаните членки на Европската унија, по правило не дозволува двојно државјанство.
Странците во Германија можат по осум години нелегален престој да побараат германско државјанство, а освен неограничена дозвола за престој услов е и доказ за доволно приходи за себе и за семејството, како и потврда за неказнуваност.