Двоглавата желка Јанус наполни 25 години

Двоглавата желка по име Јанус во Природонаучниот музеј во швајцарска Женева во саботата наполнила 25 години, и во таа пригода е измиена со четкичка за заби.

Грчката желка којашто е маскота на институцијата, секојдневно ја капат, редовно ја масираат, ставена е на посебен режим на исхрана и внимателно се следи нејзината општа состојба.

Двете глави со два мозока имаат различни особености, според музејот, и понекогаш сакаат да одат во различни правци. Десната глава е подоминанта, а левата е попасивна. Тимот одреден за нега постојано го држи Јанус на око, за да спречи да се преврти.

Желката е изведена од јајце во музејот во 1997 година, а името го добила по Јанус, староримскиот бог со две лица.

Зоолозите велат дека животното не би преживеало напад на предатор во дивината, бидејќи нема доволно простор двете глави да се завлечат под оклопот.

Желката ја хранат со исечкано овошје и зеленчук од органско потекло. Роденденот вклучувал и снимања „селфи со Јанус“, запознавање со тимот кој се грижи за него и научна расправа за необичноста на неговите две глави.