Од денеска, телекомуникацискиот оператор ОНЕ воведува нова, неодолива промоција во припејд, „За твоите 50 денари добиваш 150 денари”.
Три пати повеќе кредит и тројно повеќе: разговори кон сите мрежи, SMS и MMS пораки и интернет се придобивките на новата понуда на ОНЕ.
Со оваа понуда сите припејд корисници на ОНЕ и Џабест добиваат единствена можност, за своите 50 денари да добијат дури 150 денари кредит и цела недела да уживаат во опуштена комуникација со сите.
За да ја активира услугата, корисникот треба да има најмалку 50 денари кредит на својата сметка, за кои, со јавување на бесплатниот број 1450 или испраќање порака не бесплатниот број 181 со текст „150 START” ќе му бидат доделени 150 денари кредит.
Доделениот кредит, корисникот треба да го искористи во период од 7 дена, а доколку по истекот на кредитот, корисникот повторно има, најмалку, 50 денари на својата сметка, услугата автоматски ќе се реактивира.
Понудата „За твоите 50 денари добиваш 150 денари” е промотивна и важи ограничен временски период.